Линкови за пристапност

Лидерите од Блискиот исток се среќаваат во Белата куќа на мировни разговори


Обама одржува билатерални средби со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас ден пред тие официјално да започнат директни преговори.

Американскиот претседател Барак Обама е домаќин на лидерите од Блискиот исток во Белата куќа во среда, во напор да издејствува израелско-палестински мировен договор во рок од една година.

Обама одржува билатерални средби со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас ден пред тие официјално да започнат директни преговори.

Претседателот Обама исто така ќе се сретне со јорданскиот Крал Абдула и египетскиот претседател Хосни Мубарак, лидери на единствените две арапски нации кои склучиле мировни договори со Израел.

Во меѓувреме, стотици луѓе се собраа во средата за закопот на четворица израелски доселеници кои биле убиени од возило во движење во Западниот брег во вторникот.

Армиското крило на палестинската милитантна група Хамас ја презеде одговорноста за нападот. Палестинските безбедносни сили одговорија со апсење на повеќе од 200 лица за кои се сомневало дека имале врски со Хамас, за време на ноќни упади на Западниот брег.

XS
SM
MD
LG