Линкови за пристапност

Вселенското летало на Израел се урна на месечината


Леталото се сруши откако моторите откажаа, но Израел оцени дека стигнувањето до површината на месечината претставува огромно достигнување

Израел го оцени својот лет на месечината како „неверојатен успех“ и покрај тоа што вселенското летало се урна на месечевата површина и се распадна на парчиња.

Вселенското летало наречено Берешит, хебрејски збор кој означува почеток, ќе беше првото приватно вселенско летало кое се спушти на површината на месечината.

Тоа имаше големина на машина за перење и носеше временска капсула со израелски артефакти и уред направен од НАСА за мерење на магнетното поле.

Милиони луѓе го следеа телевизискиот пренос во живо, вклучувајќи го и премиерот Бенјамин Нетанјаху, кога моторите на вселенското летало откажаа на површината на месечината.

„Ако не успеете од прв обид, обидете се повторно“, рече израелскиот премиер Нетанјаху.

Офер Дорон, генералниот менаџер на вселенската дивизија на Аеро вселенската индустрија на Израел, рече дека стигнувањето до површината на месечината претставува огромно достигнување до сега.

Досега, само САД, Кина и Русија успешно спуштија вселенското летало на Месечината. Но, ниту едно од овие летала не беше направено од приватна компанија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG