Линкови за пристапност

Израел нападна ирански позиции во Сирија


Сириските државни медиуми објавија дека израелски проектили погодиле позиции на противавионската одбрана, радари и складишта за муниција. Нападот се случил на само неколку часа откако израелската армија соопшти дека иранските сили во Сирија истрелале 20 ракети врз израелските позиции на Голанската висорамнина.

Жители и активисти соопштија дека во раните утрински часови се слушнале експлозии во главниот град на Сирија, Дамаск.

Државната новинска агенција САНА објави дека системите за одбрана собориле десетици ракети, но исто така биле погодени некои цели.

Израелската разузнавачка служба соопшти дека тие очекуваат можна иранска акција, откако претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од Договорот за нуклеарно оружје со Иран.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG