Линкови за пристапност

Итно да се прекине огнот меѓу Израел и Хамас, мора да се заштитат цивилите, рече Гутереш

Генералниот секретар на ОН рече дека е потребно итно да се деескалира насилството, со цел да се спречи несовладлива прекугранична безбедносна и хуманитарна криза

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, како што се зголемува бројот на мртви.

„Мораме, и ја повторувам молбата, мораме да постигнеме итен прекин на огнот“, рече Гутереш на специјална седница на Генералното собрание, која беше свикана на барање на арапски и муслимански држави.

Тој рече дека е потребно итно да се деескалира насилството, со цел да се спречи „несовладлива прекугранична безбедносна и хуманитарна криза“.

„Дури и војните имаат правила. Прво мора да се заштитат цивилите“, рече Гутереш.

Бројот на загинати во Газа изнесува 230, вклучувајќи 65 деца, според локалните здравствени лица, и 12 во Израел, согласно информациите од властите. Повеќе од 58.000 Палестинци во Газа се раселени.

„Ако има пекол на земјата, тоа е животот на децата во Газа денес“, рече Гутереш, повикувајќи ја меѓународната заедница да им помогне на страните да го обноват мировниот процес.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG