Израелскиот премиер Бенџамин Нетанијаху верува дека повеќето од европските држави ќе ги префрлат нивните амбасади во Ерусалим, признавајќи го како главен град на Израел, по неодамнешниот чекор на претседателот Доналд Трамп по ова прашање.
По средбата со шефицата на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини, Нетанјаху истакна дека признавањето на Ерусалим од страна на американскиот претседател, значи ставање на фактите на маса, и дека мирот се базира на реалност.
Могерини истакна дека ЕУ ќе продолжи да го следи меѓунардиниот консензус за Ерусалим, се` додека статусот не се реши како дел од израелско-палестинскиот мировен процес.
Одлуката на Трамп резултираше со протести во делови на муслиманскиот и арапскиот свет.
Facebook Forum