Државниот секретар на САД Ентони Блинкен пристигна во Јордан, како дел од патувањето на Блискиот Исток. Тој се среќава со кралот Абдула за да го зацврсти договор за прекин на огнот меѓу Израел и палестинските милитанти во Газа.
Ден пред да пристигне во Јордан, каде половина од населението, кое изнесува 10 милиони, има палестинско потекло, Блинкен се сретна со претседателот и министерот за надворешни работи на Египет. Египет беше длабоко вклучена во постигнувањето на прекин на огнот во неодамнешниот конфликт.
Пред посетата, Блинкен изрази поддршка за израелската безбедност, и најави помош за реконструкција на Газа.
Блинкен, исто така, се сретна со израелскиот претседател Ривен Ривлин.
„Државниот секретар и претседателот Ривлин разговараа за начините за промоција на соживот и толеранција меѓу сите жители на Израел, независно од нивното потекло“, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, додавајќи дека давјцата лидери ја потврдиле важноста од стабилно партнерство меѓу САД и Израел, и промоција на мир и стабилност за сите.
Прајс, исто така, додаде дека Блинкен го поканил Ривлин да ги посети САД наредниве недели.
Facebook Forum