Линкови за пристапност

Иран се заканува со напад


Иран се заканува со напад
Иран се заканува со напад

Врховниот лидер на Иран Ајатолахот Али Каменеи предупреди во петок дека Иран ќе се одмазди против нафтените санкции поддржани од Запад и се заканува со напад, додека медиумите известуваат дека Секретарот за одбрана на САД Леон Панета стравува дека Израел може да го нападне Иран во наредните неколку месеци.

Извештајот во весникот Вашингтон пост од четврток, подоцна поткрепен со други новински организации, кажа дека Панета е загрижен дека Израел може да го нападне Иран уште во април за да го запре напредокот на Техеран кон можна нуклеарна бомба. Иран инсистира дека нивните нуклеарни активности се за мирољубиви цели.

Панета не е директно цитиран во извештајот и не коментираше по него.

Забелешките на Каменеи дојдоа во говор на државната телевизија во петок, на одбележувањето на годишнината на Исламската револуција во Иран од 1979.

Тој кажа дека санкциите нема да имаат влијание на иранската определба за продолжување на контроверзната нуклеарна програма. Тој исто така кажа дека Иран ќе поддржи секоја држава или која има намера да му се спротивстави на Израел.

Израел е меѓу државите, меѓу кои се и САД, што се сомневаат дека Иран може да збогатува ураниум за нуклеарно оружје. Израел не отпиша напад на иранските нуклеарни објекти додека САД притискаат за зголемени меѓународни санкции.

Како одмазда за секаква натамошна акција Иран постојано се заканува дека ќе го затвори Теснецот Ормуц, низ кој минува најголем дел од светската нафта.

XS
SM
MD
LG