Десетина светски лидери се собраа во Израел на настан за одбележување на Холокаустот и да предупредат за порастот на антисемитизмот.
На Светскиот форум за Холокаустот ќе се обратат рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот претседател Франк Волтер Штајнмаер и американскиот потпретседател Мајк Пенс.
Израелскиот претседател Рувен Ривлин ги повика лидерите за застанат обединети против „расизмот, антисемитизмот и екстремизмот“, а ќе биде домаќин на свечената вечера за светските државници.
Денешниот настан се совпаѓа со 75-та годишнина од ослободувањето на концентрациониот камп Аушвиц во Полска, каде за време на Втората светска војна нацистите убија 1,1 милион луѓе, претежно Евреи.
Севкупно, нацистичка Германија уби шест милиони Евреи за време на Холокаустот.
Facebook Forum