Линкови за пристапност

Вулканска прашина го приземји европскиот авионски сообраќај


Прашина од вулкан во Исланд во средата се рашири над Британија и Скандинавија, каде властите ги натера да затворат неколку аеродроми и да откажат стотици летови

Прашина од вулкан во Исланд во средата се рашири над Британија и Скандинавија, каде властите ги натера да затворат неколку аеродроми и да откажат стотици летови.

Лондонскиот аеродром Хитроу, најфрекфентен во Европа, во четврток беше затворен заедно со аеродроми во Шкотска, Северна Ирска, Норвешка, Шведска и Финска.

Британските претставници за сообраќај велат дека вулканска прашина претставува „значителна закана за безбедноста на авионите“ и соопштија дека ќе ги затворат нивните воздушни простори.

Властите на Исланд евакуираа стотици луѓе во средата откако вулкан стопи дел од глечер, поплавувајќи делови од југоисточната област на островот.

Стручњаците велат дека ерупцијата од средата била посилна од онаа што се случила минатиот месец под истиот глечер.

Полицијата вели дека ниту луѓе ниту имот не се во непосредна опасност и дека најлошото од поплавата се чини дека поминало.

Исланд се наоѓа на северно-атлантска жешка вулканска точка.

Вулканот од 20 март наваму имаше две ерупции по речиси 200 години смиреност.

XS
SM
MD
LG