Линкови за пристапност

Исланд се оддалечува од еврозоната


Некогаш безбедна иднина, сега непожелна ситуација.

Пред четири години Исланѓани беа лути. Амблеми на банките беа горени по улиците. Народот беше загрижен дека ќе ги загуби своите домови и заштеди. Земјата се почувствува изолирана. По 90 години независност, Исланд аплицираше за членство во ЕУ.

Но, четири години подоцна, сонце огреа над Исланд, а ЕУ е стана темно, помалку атрактивно место. Иако опцијата и натаму е отворена, повеќето жители на Исланд велат дека не се симпатизери на идејата.

„Не сакам да ја дадам нашата валута бидејќи на некој начин е роамнтична. Ние сме мала држава“, вели една жителка.

Други сметаат поинаку.

„Мислам дека еврото веројатно ќе ни биде од корист бидејќи ситуацијата со нашата валута не стои најдобро“, вели друг жител.

Но, економијата во Исланд е во подем.

Кроната е половина од вредноста од пред четири години. Туристичките атракции сега се попристапни споредено со порано.

Риболовот е исто така во подем. Залихите со риба се зголемуваат, а сопствениците на бродови имаат корист од продажбата на она што е уловено, заради намалената вредност на валутата.

Во 2008-та година Исланд дозволи нејзините банки да не ги исполнат своите обврски. Тоа значеше дека државата имаше поголеми финансиски можности да ги зголеми пензиите, да ги зголеми бенефициите за невработените, а понуди и олеснувања за плаќање на кириите. Експертите велат дека другите економии во Европа што се соочуваат со проблеми можат само да учат од третманот на Исланд кон своите банки.

„Главната лекција е да се дозволи да пропаднат, но на начин што може да се контролира. Владините пари попрво треба да се потрошат на заштита на неопходните услуги како образование и здравствена грижа“, вели Свен Валфелс, експерт со седиште во Лондон.

Многумина Исланѓани на ЕУ и на еврозоната сега гледаат со почит.
Исланд сепак не е единствената држава што се оддалечува од ЕУ. Апликацијата на Турција веќе стара 25 години уште повеќе губи од важност. Апликациите на Србија, Македонија и Црна Гора исто така се соочуваат со препреки.

Хрватска ќе и` се приклучи на 27-членото европско семејство наредната година.
Но, доколку владата на Исланд одлучи да ја следи волјата на народот, тоа ќе биде се` што влегува во ЕУ за многу долго време.
XS
SM
MD
LG