Линкови за пристапност

Милитантите на Исламската држава обезглавиле жени во Сирија


Тврди Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Британија

Сириски активисти тврдат дека милитантите на Исламската држава (ИД) во Сирија за прв пат обезглавиле жени.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Британија, соопшти дека жените биле обезглавени заедно со нивните сопрузи во провинцијата Деир Езор во источна Сирија, откако биле обвинети за баење.

Опсерваторијата, којашто го документира насилството во Сирија преку мрежа на локални извори, вели дека организацијата ИД погубила над 3.000 лица во Сирија, откако пред една година го објави својот таканаречен калифат. Од погубените, речиси 1.800 се цивили.

Обезглавувањата не се ништо ново за организацијата, којашто претходно на ист начин погуби Сиријци, новинари и хуманитарни работници, вклучувајќи и лица од САД, Британија и Јапонија.

Рик Бренан од којшто е виш политички истражувач во Корпорацијата Ранд, вели дека убиствата на Американци ги поттикнале САД да преземат акција против милитантите.

„Тоа е единственото нешто коешто досега ги мотивираше САД да реагираат, бидејќи предизвикува поддршка во јавноста“, вели Бренан. „Но, кога се работи за реакција од поголем обем, тоа би се случило доколку дојде до некој ужасен настан во некоја западна земја којшто би предизвикал таква реакција на јавноста што властите би морале да реагираат“.

Џејмс Џефри, поранешен американски амбасадор, а сега аналитичар во Институтот за блискоисточна политика во Вашингтон, за Гласот на Америка изјави дека коалиционата кампања под водство на САД не дала голем резултат против ИД.

„Не се под контрола, не им е нанесена сериозна штета, успеаа да надоместат голем дел од загубите и не се уништени“, вели Џефри.

Тој смета дека во моментов „нема сомнение“ дека ИД претставува најголема терористичка закана во светот.

„За цела димензија е поголема од најголемото ниво на Ал-Каида“, смета овој аналитичар. „Може да преземе земји. Ал-каида никогаш немаше таква способност“.

XS
SM
MD
LG