Линкови за пристапност

Заробен пилотот на јорданскиот авион


Авионот го собориле милитанти на Исламската држава во Сирија

Милитантите на Исламската држава го заробиле јорданскиот пилот чиј авион беше соборен во Сирија за време на борбената мисија против екстремистичката група.

Јорданската армија издаде соопштение во кое милитантите ги држи одговорни за животот и безбедноста на пилотот.

Претходно Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија, јави дека силите на Исламската држава го собориле авионот во близина на Рака.

Овој град е главното упориште на милитантите, кои порано годинава зазедоа големи области во источна Сирија и северен и западен Ирак.

Јордан, Бахраин, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати учествуваат во воздушната кампања предводена од САД против групата на Исламската држава.

Според Пенагон, заклучно со 15-ти декември, коалиционите сили извеле 553 воздушни напади во Сирија.

XS
SM
MD
LG