Линкови за пристапност

Франција изврши воздушен напад против Исламската држава во Ирак


Најави најави нови операции во наредните денови.

Франција соопшти дека нејзини борбени извршиле успешен воздушен напад против Исламската држава (ИД) во Ирак - прв што земјата го спроведе против милитантната организација.

Канцеларијата на францускиот претседател Франсоа Оланд информираше дека борбените авиони нападнале и уништиле логистичко депо на ИД во северениот дел на Ирак.

Според ирачки армиски претставници, целта на нападот била локација близу градот Зумар.

Франција најави нови операции во наредните денови.

Оланд вчера најави дека Франција ќе биде подготвена да спроведе воздушни напади на барање на Ирак веднаш откако извидничките летови ќе ги утврдат целите. Тој кажа дека армиската операција ќе биде ограничена на Ирак и дека нема да вклучи копнени сили.

Американскиот претседател Барак Обама ја поздрави француската најава, велејќи дека „Франција е силен партнер во нашите напори против тероризмот“.

XS
SM
MD
LG