Претседателот Барак Обама и американските армиски команданти ќе се сретнат со странски шефови на одбраната, на разговори за коалиционите напори за сузбивање на милитантите на Исламската држава во Ирак и Сирија.
Според портпаролот на началникот на Здружениот генералштаб на САД, генералот Мартин Демпси, разговорите што ќе се одржат на воздухопловната база Ендјус во близина на Вашингтон ќе се фокусираат на предизвиците на операцијата и визијата за натамошен напредок.
На состанокот се очекува да учествуваат претставници од околу 20 земји, вклучувајќи ја и Турција.
Турските официјални лица ја порекнаа информацијата дека постигнале договор со САД за колицијата под американско водство да може да користи воздухопловна база во јужна Турција за да изведува напади против милитантите на Исламската држава.
Американските официјални лица во неделата кажаа дека разговорите продолжуваат, но дека Турција дала зелено светло за користење на воздухопловната база Инџирлик, на околу 100 километри од сириската граница.