Линкови за пристапност

Нема договор за приклучување на ирачките Курди на борбите во Кобани


Ова го изјави порпаролот на сириските курски сили кои се борат против милитантите на Исламската држава.

Портпаролот на сириските Курди кои се борат против Исламската држава во Кобани, Идрис Насан, изјави дека се` уште не е постигнат договор за пристигнувањето на ирачките курдски сили Пешмерга, кои би се приклучиле на борбата.

Турција соопшти дека на борците Пешмерга од Ирак, ќе им дозволи да преминат во градот Кобани, што стана еден од клучните области на меѓународните напори за сузбивање на милитантите на Исламската држава.

И во среда продолжија неколунеделните борби меѓу Курдите и милитантите.

Портпаролот на сириските Курди додаде дека воздушните напади под американско водство „се мошне корисни“ и дека курдските борци успеале да ги спречат обидите на милитантите да го заземат центарот на Кобани.

Во меѓувреме, Пентагон спроведе истрага за тоа дали пратката со оружје и муниција во Кобани, наменета за ирачките курди, всушност завршила во рацете на борците на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG