Преку 20 лица загинаа во Багдад, откако милитанти на Исламската држава активираа серија бомби во и околу главниот град на Ирак, соопштија полициски официјални лица.
Веднаш по двата напада, одговорност презеде терористичката организација, а ова се случува додека трае ирачката офанзива во градот Фалуџа, кој е под контрола на ИСИС.
Нападите беа најдеструктивни во шиитската населба Шааб, во северниот дел на Багдад. Најмалку 11 лица загинаа, а преку 20 се повредени, кога бомбаш-самоубиец со автомобил влезе во контролен пункт во близина на трговски центар.
Во вториот самоубиствен напад животот го загубија најмалку 6 лица, а повредени се 20-тина други. Инцидентот се случил близу полициска станица во Тармија, северно од Багдад, со доминантно сунитско население.