Египетски и либиски воени авиони извршија воздушни напади врз Исламската држава во источна Либија, како како што велат нивните армии – како одмазда за обезглавувањето на 21 египетски христијани кои претходно биле киднапирани во Либија.
Цел на нападите биле воени кампови и складишта за оружје во близина на градот Дарна и уследија само неколку часа откако групата Исламска држава објави видео во кое наводно биле прикажани убивањата.
Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во телевизиско обраќање до нацијата најави одговор на убивањата, што ги нарече „грозен акт на тероризам“.
Ал-Сиси денеска телефонски разговараше со францускиот претседател Франсоа Оланд, со кого разговарал за важноста Советот за безбедност на ОН да преземе нови акции во очи на опасноста што ја претставува терористичката група.
Доцна синоќа, портпаролот на Белата куќа Џош Ернст ги осуди како што ги нарече „одвратните и кукавички убиства“ на Египќаните и оти „варварството на Исламската држава нема граници“.