Линкови за пристапност

Исламската држава на социјалните мрежи за регрутација нови членови


Противниците на Исламската држава се` побројни на Твитер, а групата екстремисти е поактивна на социјалните медиуми, се вели во студијата на корпорацијата „Ранд“

Студија на корпорацијата „Ранд“ покажува дека бројката на противниците на Исламската држава на Твитер е поголема од бројката на поддржувачи, иако поддржувачите се поактивни на социјалните мрежи.

Според резултатите од истражувањето на непрофитната истражувачка организација, противниците на Исламската држава се` во поголем број на Твитер, а групата екстремисти го користи социјалниот медиум, како алатка за регрутација нови членови.

Студијата исто така покажува дека ИСИС е многу поефективна од другите терористички организации, вклучувајќи ја и Ал Каеда, во користењето на Твитер и на останатите социјални мрежи, за да ја пренесат нивната порака, да регрутираат членови и да придобијат поголем број поддржувачи.

„ Ал Каеда ги користеше социјалните мрежи само за масовна комуникација“, вели Кенешбек Саиназаров, директор на Светската организација за градење мир „ Потрага за заедничка основа“, во интервју за Гласот на Америка.

Припадниците на Исламската држава го користат Твитер за сопствени цели, додава тој, воспоставуваат врска со потенцијални регрутери, а е база и за понатамошен дијалог и ангажман.


„Ранд“ извршила анализа на повеќе од 23 милиони твитови на арапски, во период од десет месеци, и резултатите покажале дека дневно твитовите од поддржувачите на ИСИС се за 50 отсто побројни, во споредба со твитовите против оваа организација.

Од друга страна пак, анализите покажале и дека опонентите на ИСИС стануваат се поактивни на Твитер.

Истражувачите препорачуваат САД да направат поголеми напори во поддршката на противниците на ИСИС на Твитер, преку обука.

„ Американската војска и Стејт департментот треба да ги насочат пораките против ИСИС кон одредени заедници“ , вели авторот на студијата Елизабет Бодин Барон.

При анализата на твитовите од јули 2014 до април 2015, истражувачите откриле корисници во повеќе од 20.000 различни заедници.

Шемите на поврзаност помеѓу заедниците против ИСИС укажуваат на потенцијалните можности, кои Владата може да ги искористи за ограничување на влијанието на ИСИС на Твитер.

Пред крајот на студијата, истражувачите велат дека забележале пад на активните подржувачи на ИСИС, додека пак бројката на твитови против терористичката организација пораснала.

Причина за тоа е цензурирањето на профилите на симпатизерите и следбениците на ИСИС.

„Корените за радикализацијата и насилниот екстремизам се многу длабоки“, вели Саиназаров за Гласот на Америка.

Тој потенцира на неколку работи кои се важни во борбата против екстремизмот – превенцијата, обесхрабрувањето, како и овозможување на ефективен одговор на државите и употреба на конструктивни нарации.

XS
SM
MD
LG