Линкови за пристапност

Убиен лидер на ИСИС поврзан со нападот на Париз


Во воздушните напади на коалицијата последниов месец, убиени се 10 лица на високи позиции во ИД

Американската армија изјави дека водачот на Исламската држава со директна поврзаност со наводниот водач на минатомесечниот терористички напад на Париз е убиен за време на воздушен напад во Сирија.

Портпаролот на коалицијата, полковник Стив Ворен, за време на прес-конференцијата во вторникот соопшти дека Шараф ал-Моудан е убиен минатата недела, на 24-ти декември.

Тој изјави дека Моудан бил поврзан со Абделхамид Абауд за кој се верува дека е водач на ќелијата на ИСИС која ги координираше нападите на Париз, кога животите ги загубија 130 лица. Абауд е убиен за време на полициска акција неколку дена по нападот на Париз на 13-ти ноември.

Ворен исто така изјави дека Моудан „активно планирал и други напади против Западот“ но, не се знае со сигурност каде биле целите.

Варен забележа дека вкупно 10 водачи на Исламската држава се убиени за време на воздушните напади на коалицијата минатиот месец.

„Се` додека планерите на надворешни напади на ИСИС се оперативни, американската армија ќе ги гони и ќе ги убива“ изјави тој.

XS
SM
MD
LG