Линкови за пристапност

Абу Бакр ал-Багдади е мртов, но, заканата од Исламската држава се` уште постои

Лидерите во светот реагираат по убиството на лидерот на терористичката група

Сојузниците на САД во светот го поздравија убиството на Абу Бакр ал-Багдади, нарекувајќи ја акцијата голем удар за Исламската држава, но, нагласуваат дека ИСИС се` уште претставува терористичка закана.

Францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер напиша дека смртта на ал-Багдади е само една фаза.

„Со нашите партнери во меѓународната коалиција, борбата продолжува за да се порази оваа терористичка организација. Тоа е наш приоритет на Блискиот исток“, напиша тој.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека убиството на лидерот на Исламската држава е пресвртница во заедничката борба против тероризмот, нагласувајќи дека е убеден оти ќе се постигне мир во светот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, му честита на Трамп за, како што рече тој, убиството на ал-Багдади.

„Ова достигнување е важен пробив, но, кампањата е пред нас“, изјави Нетанјаху.

Иран, пак, рече дека убиството на лидерот на Исламската држва не е голема работа, и оти САД едноставно го елиминирале суштеството што сами го создале.

Лидерот на сенатското мнозинство Мич Меконел, рече дека ова е победа за САД и нивните партнери, и оти светот сега е побезбедно место.

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси изјави дека убиството на ал-Багдади е значајно, но, додаде дека Исламската држва и натаму постои, и оти не смее да се дозволи да ја обнови заканата кон САД.

Кремљ, пак, рече дека нема кредибилна информација за спроведената акција.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG