Претседателот Трамп објави вонредна состојба за Северна Каролина пред тропската бура Исаиас, за која се прогнозира дека ќе донесе големи дождови и силни ветрови во јужната американска држава во понеделник.
Декларацијата ослободува фондови за федералните официјални лица да им помогнат на градовите и помалите места „да ги координираат сите спасувачки напори чија цел е да се олесни страдањето предизвикано од вонредни ситуации на локалното население, и да се обезбеди соодветна поддршка за потребните вонредни мерки“.
Трамп имаше слична декларација во саботата и за Флорида.
Метеоролозите доцна во неделата кажаа дека Исаиас зајакнал додека бил над Атлантскиот Океан, на околу 105 километри од Кејп Канаверал, Флорида, со ветрови кои биле со јачина до 110 км/ч.
Исаиас се очекува да истури до 30 сантиметри дожд на Бахамите и повеќе од пет сантиметрина источна Флорида и Џорџија пред да се придвижи нагоре по источниот брег на САД. Метеоролозите предупредуваат на поплави во градовите на двете Каролини и средниот Атлантик во понеделник конвторник.
Торнада се исто така закана за Северна и Јужна Каролина.
Исаиас се движи северозападно со 15 км/ч. Колку побавно се движи невремето, толку поголема е заканата од поплави.