Линкови за пристапност

Тропската бура Исаиас стана ураган


Претседателот Доналд Трамп потпиша декларација за вонредна состојба за Порторико

Националниот центар за урагани на САД вели дека тропската бура Исаиас зајакнала во ураган, движејќи се со ветрови до 130 км/ч додека пустоши по должина на Карибите.

Во сила е предупредување за ураган за северозападните, југоисточните и централните Бахами.

Претходно тропската бура ги погоди Порторико и Доминиканската Република, предизвикувајќи прекин на електричната енергија и помали лизгања на земјиштето.

Предупредувањето за невремето важи за целиот јужен и северен брег на Доминиканската Република, северното крајбрежје на Хаити и островите Туркс и Каикос.

Асошиејтед прес доцна синоќа јави дека тропското невреме со силни ветрови го погодило Порторико, што сеуште се опоравува од други урагани и земјотреси, трансформирајќи неколку улици во брзи реки и уривајќи дрвја, телефонски столбови и електрични кабли.

Повеќе од 100.000 луѓе се безвода за пиење.

Според АП 14 проценти од кулите за мобилни телефони се нефункционални.

Претседателот Доналд Трамп потпиша декларација за вонредна состојба за Порторико, кој сеуште не е опоравен од Ураганот Марија во 2017-та и неодамнешната серија на земјотреси.

Исаиас е девето именувано невреме во атлантската сезона на урагани. Ова е најран датум да се формира невреме што почнува со буквата „И“.

XS
SM
MD
LG