Силите предводени од САД се приближуваат кон последното упориште на борците на Исламската држава во источна Сирија.
Сириските демократски сили, коалицијата против Исламската држава предводена од Курдите, соопштија дека повторно презеле поголема територија околу градот Багуз во источната сириска провинција Деир ел Зор.
Мустафа Бали, портпарол на Сириските демократски сили, за Гласот на Америка изјави дека е загриженост дека милитантите од Исламската држава ги користат цивилите како човечки штит за да го спречат напредувањето на силите предводени од САД.
Локални воени претставници велат дека Исламската држава со ненадејни напади се обидува да ја забави офанзивата на Сириските демократски сили.
Facebook Forum