Линкови за пристапност

Падна главниот град на калифатот во Авганистан


Специјалните сили на САД тврдат дека повеќе од 150 милитанти на Исламската држава биле убиени во текот на изминативе два месеца

Специјалните сили на САД и на Авганистан преземаа контрола врз источната провинција Нангархар – главен град на калифатот во Авганистан.

Џош Тиел, командант на баталјонот на Американските специјални сили, за Гласот на Америка, изјави дека локалните жители побарале поддршка за ослободување од борците на Исламската држава.

„Операцијата почна на крајот на мај. Специјалните сили отворија оган во главниот град на калифатот, и го блокираа четири дена“, изјави Тиел.

Силите на САД тврдат дека повеќе од 150 милитанти на Исламската држава биле убиени во текот на изминативе два месеца.

Тие најавија дека заедно со партнерите од Авганистан, продолжуваат да се борат против припадниците на оваа терористичка организација во регионот.

Локалното население вели дека повеќето од борците на Исламската држава се странски државјани, вклучувајќи Пакистанци, кои лесно поминуваат во соседен Авганистан.

Велат дека околу 700-тини борци оперираат во провинцијата Нангархар, меѓу кои и Руси, Чеченци и Узбекистанци.

На 31-ви мај, Мисијата на НАТО во Авганистан објави видео од жител на Авганистан, кој открива дека оваа група убива и малтерира жени, деца и возрасни, како и оти уништува џамии и не им дозволува да одат на погреби.

Дел од локалното насление, за Гласот на Америка, изјави дека и покрај ослободувањето на Нангархар, борците на Исламската држава ќе продолжат со засилено насилство од соседната провинција Кунар.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG