Ирачката војска почна офанзива за да ги ослободи последните бастиони на Исламската држава во неколку помали градови и села долж границата со Сирија.
Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади го најави нападот денес, велејќи дека џихадистите на Исламската држава во Ал-Каим и Рака, имаат само два избора – смрт или капитулација.
Коалицијата предводена од САД, офанизивата ја нарече „последната голема битка“, откако ирачките сили претходно освоија повеќе од 90 проценти од територијата заробена од Исламската држава, во 2014-та година.
Facebook Forum