Линкови за пристапност

Претставничката на даночната служба одби да сведочи пред Конгресот


Раководителката на канцеларијата која одлучува за изземање од даноци се повика на уставното право да не одговара на прашања што може да и` наштетат

Владин претставник кој прв објави несоодветна активност од агенцијата за собирање даноци во САД одби да одговара на прашања од Конгресот за контоверзната пракса на издвојување на конзервативни политички групи за специјално испитување.

Лоис Лернер раководи со канцеларијата во агенцијата за даноци што решава дали приватни групи се квалификуваат за статус на изземање од плаќање на данок.

Повикана да се појави пред Комисија на Претставничкиот дом, Лернер кажа дека не направила ништо погрешно и затоа ќе се повика на нејзиното уставно право да одбие да одговори на прашања за кои чувствува дека може да ја вовлечат во скандалот.
XS
SM
MD
LG