Линкови за пристапност

Ирма слабее, ќе стане тропска бура


Досега се пријавени три смртни случаи

Според Американскиот центар за урагани се очекува Ирма да ослаби во тропска бура, движејќи се кон северна Флорида и јужна Џорџија.

Во понеделникот, Ирма беше со ветар од 120 километри на час. Во неделата, повеќе од три милиони жители немаа електрична енергија, откако ураганот го зафати западниот дел на сојузната држава, со јачина на ветриштата од преку 200 километри на час.

Невремето ги зафати Флорида Кис рано во неделата, кога Ирма беше со најголема сила. Синоќа Ирма се приближи кон Тампа и Санкт Петерсбург, двата најголеми града околу заливот Тампа, каде што се очекува бурата да донесе поплава до три метри.

Повеќе од 75.000 луѓе се сместиле во 400-те засолништа, а досега биле пријавени три смртни случаи.

Претседателот Доналд Трамп ја прогласи Флорида за област зафатена од голема катастрофа, чекор со кој брзо се ослободуваат фондови за помош на жртвите од невремето.

Најмалку 25 лица загинаа, откако Ирма ги зафати Карибите кон крајот на минатата недела.

Иако се очекува Ирма да биде со послаб интезитет, прогнозите се дека торнадата се можни низ североисточна Флорида, јужна Џорџија и Јужна Каролина.

Територијата на Порторико претрпе голема штета врз електричната мрежа. Властите велат дека ќе бидат потребни шест месеци за нејзина обнова и оти соработуваат со Одделот за здравство на САД, за евакуација на преку 1.000 лица, главно американски државјани кои се на Сент Томас и Сент Мартин.

Пентагон распореди бродови, авиони како и стотици маринци за да помогнат во спасувачките напори во Порторико и Девствените Острови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG