Линкови за пристапност

Интензивни чекори за обнова по Ирма


Франција и Велика Британија ветија поголема помош

Продолжуваат спасувачките напори и обновата на Флорида, по ураганот Ирма. Истовремено, лидерите на Франција и Велика Британија ветија поголема дека ќе ја засилат помошта на нивните територии на Карибите.

Невремето досега однесе 12 животи во Флорида, а шест други лица загинале во Џорџија и Јужна Каролина.

Националната гарда работи на чистење на патиштата за достава на помош до островите на Флорида Кис. Од Агенцијата за справување со вонредни ситуации ФЕМА, велат дека според првичните проценки, 25 проценти од домовите во оваа област биле уништени, а 65 проценти претрпеле значителна материјална штета.

За време на телевизиска програма која беше емитувана на национално ниво, беа собрани десетици милиони долари во фондот за помош на жртвите од ураганите Ирма и Харви. Некои од најголемите ѕвезди во шоу-бизнисот го посветија своето време да одговорат на телефонски повици од гледачите кои даваа донации и апелираа за помош.

Ирма ги погоди Флорида Кис во неделата и продолжи на западниот брег, предизвикувајќи поплави и штети низ целата сојузна држава, додека Харви минатиот месец ја погоди југоисточната држава Тексас.

Денеска францускиот претседател Емануел Макрон ги посети на Сент Мартин и Сент Бартелеми, а британскиот секретар за надворешни работи Борис Џонсон, е на турнеја низ Ангила и Британските Девствени Острови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG