Линкови за пристапност

Мекарти: Информациите за „Рекет“ се загрижувачки, истрагата да се заврши брзо


Мекарти: СЈО треба да постои, но, мора да биде политички независно
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

САД водат голема грижа за институционална транспарентност и силно судство, порача директорот за Европа во ИРИ, коментирајќи ја можната поврзаност во овој случај на специјалната обвинителка Катица Јанева

Информациите се загрижувачки, но, треба да дозволиме истрагата да продолжи понатаму за да се види што всушност е точно, а што не е, изјави Пол Мекарти, директор за Европа во Меѓународниот републикански институт во Вашингтон, коментирајќи ја истрагата за случајот „Рекет“ и можната поврзаност на специјалната обвинителка Катица Јанева.

„Во овој момент ние ги имаме само овие снимки и тоа сигурно е загрижувачки. САД, особено Меѓународниот републикански институт, водат голема грижа за институционална транспарентност и силно судство. Истрагата треба да биде завршена“, изјави Мекарти.

Тој вели дека опозицијата треба да почека да се реши случајот, пред да излегува со какви било заклучоци.

Важно е да биде конструктивна, а американските пријатели се тука за да ја потсетат на тоа, рече тој.

Според него, Специјалното јавно обвинтелство (СЈО) е важна институција која треба да постои, независно како ќе биде организирана, но, оти мора да биде политички независна ако сака да опстане.

„Ова е апсолутно неопходно. Потребна е политичка волја, и треба уште да се работи за да се дојде до ситуација кога ќе има политички независна институција што ќе ги истражува овие слуачи“, смета Мекарти.

Ситуацијата би можела да се одрази врз датумот за пристапните преговори со Европската Унија, ако се земе предвид дека веќе постојат одредени потешкотии во таа насока, вели тој.

„Овој случај сигурно дека не помага. Треба да ја заклучат истрагата брзо за да може да се оди натаму и да се стабилизра ситуацијата. Полтичката динамика во Европа сега малку е загрижувачка, но, она што е важно за Северна Македонија е да се фокусира да ги исполни целите неопходни за ЕУ интеграцијата“, порача Мекарти, додавајќи дека сепак е потребен одговор и од државите на ЕУ за досегашниот напредок на државата.

Тој е оптимист за членството на држвата во НАТО и поддршката од САД на тој пат.

„Очекуваме да ја видиме Северна Македонија да стане 30. членка, што е многу значаен број за НАТО. Очекуваме сојузништво меѓу Вашингтон и Скопје, и со НАТО Алијансата во целина“, изјави Мекарти.

Сепак, вели тој, евентуалното членство нема да ја спречи Русија да влијае во регинот.

Мекарти истакна дека е неопходно да се работи на кревање на свеста на граѓаните за природата на лажните вести и нивното влијание

„Кремљ нема да престане. Оттаму, ние треба да останеме будни во укажување на важноста од демократски реформи, владина транспарентност и инклузивен политички процес. Во спротивно нема да се успее. Русија е тука за да прави проблеми“, смета Мекрати.

Дел од демократијата се слободата на говор и слободата на печатот. Нив треба да ги славиме, рече тој и додаде:​

„Апсолутно е важно за сите нас да им помогнеме на државите како Северна Македонија да останат на тој пат, бидејќи тоа го сакаат граѓаните“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG