Линкови за пристапност

Мекарти: Бојкот не е добра идеја, Македонија ќе чека многу долго за друга шанса


Ако граѓаните сакаат да бидат слушнати, треба да гласаат на референдум
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00

Ова е историска можност и се надеваме дека македонските граѓани ќе излезат да гласаат, порача вршителот на должност регионален директор за Европа во ИРИ

Идејата за бојкот на референдумот не е добра, вели Пол Мекарти, вршител на должност регионален директор за Европа во Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во Вашингтон. Важно е граѓаните да гласаат, независно дали се за или против.

„Нивно право е да бојкотират, но, ако сакаат гласот да им биде слушнат мора да излезат на гласање. Многу е важно за иднината на државата да се види нивото на поддршка за одење напред“, вели тој.

Најновата анкета на ИРИ покажа дека само седум отсто од граѓаните го прочитале Договорот со Грција лично, што за Мекарти не е толку загрижувачки колку што е критичен фактот дека 49 проценти од граѓаните се изјасниле оти ќе го поддржат претстојниот референдум.

„Тоа би значело дека резултатот ќе биде речиси изедначен, што може да биде загрижувчки. Колку е поголема разликата толку подобро ќе ја одрази реалната поддршка на граѓаните, а зад која стои идејата дека Македонија направи компромис со Грција, но, вратите на ЕУ и НАТО се отворени“, смета Мекарти.

Ако референдумот пропадне, Мекарти вели дека ќе треба да помине многу долго време, пред Македонија да добие некаква друга шанса.

„Ова е историска можност и се надеваме дека македонските граѓани ќе излезат да гласаат. Многу е важно државата да оди напред“, порача тој.

Иако официјалната референдумска кампања почнува дваесет дена пред закажаниот датум, Мекарти вели дека на социјалните мрежи веќе се шири зборот.

Според него, важно е информациите да бидат јасни и автентични, бидејќи има многу невистините информации кои може да го замаглат патот напред.

Тој го нагласи руското мешање овој референдум да пропадне, но, се надева дека невладините организации ќе го набљудуваат процесот и ќе ги охрабрат луѓето да гласаат. Овие активности, вели Мекарти, САД силно ги поддржуваат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG