Линкови за пристапност

ИРИ: Песимизам во Македонија за политичката состојба


Меѓународниот републикански институт најде дека повеќе од половина од инспитаниците во национална анкетата се убедени дека Македонија оди во погрешен правец.

Политичката нестабилност во Македонија расте, а довербата во демократските институции опаѓа – е заклучокот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) со седиште во Вашингтон, кој штотуку ги објави резултатите од анкетата направена на национално ниво во април годинава.

Анкетата покажала дека 20 проценти повеќе испитаници веруваат дека Македонија е помалку стабилна денес отколку пред една година. За 12 проценти е зголемен и бројот и на оние кои се убедени дека Македонија оди во погрешен правец, споредено со јануари оваа година.

Песимизмот околу политичката состојба се чини дека е предизвикан од однесувањето на владата во врска со скандалот со прислушувањето што беше разоткриен во 2015 година, велат изработувачите на истражувањето од ИРИ. Шеесет и четири проценти од испитаниците изразиле неодобрување на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на функционерите вмешани во овие превирања, а 63 проценти ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство што ги истражува случаите што произлегоа од овој скандал.

Претседателот на ИРИ, Марк Грин, резултатите ги гледа како „критичка потреба лидерите на Македонија да се фокусираат на реформи што одново ќе ја изградат јавната доверба во демократските институции на земјата“.

Анкетата опфатила 1.104 возрасни лица кои биле интервјуирани лице–в–лице.

XS
SM
MD
LG