Линкови за пристапност

Ирскиот парламент изгласа право на абортус


Ирските законодавци поддржаа нова легислатива што дозволува абортус во ограничени случаи.

Рано во петок парламентот го изгласа законот со 127 спрема 31 глас. Петмина членови на партијата на премиерот Енда Кени гласаа против и беа исклучени од партијата.

Контроверзниот закон испровоцира протести од групи за и против абортусот. Законот дозволува абортус само кога бременоста претставува значителен ризик по животот на мајката, или ако бремената жена може да се самоубие.

Новата легислатива не дозволува абортус во случај на силување, инцест или абнормалност на фетусот.
XS
SM
MD
LG