Линкови за пристапност

Во терористички инцидент убиена жена во Северна Ирска


Една жена е убиена за време на немири во четвртокот во Северна Ирска.

Помошник шефот на полицијата, Констабл Марк Хамилтон, соопшти дека пукањето во областа Криган во Лондондери се третира како „терористички инцидент и започната е истрага за убиството“.

Леона О'Нил, локална новинарка, во порака на Твитер објави дека стоела покрај жената кога била застрелана. „Стоев покрај оваа млада жена, кога таа падна покрај полицискиот Ленд Ровер вечерва во Криган #Дери. Повикав брза помош, но полицијата ја внесе во задниот дел од нивното возило и побрза да ја пренесе во болница, каде што почина. Имаше само 29 години“, напиша новинарката.

https://twitter.com/LeonaONeill1/status/1119027003854868481

Двете најголеми политички партии во Северна Ирска,ирската републиканска партија Шин Фејн и про-британската Демократска унионистичка партија, го осудија инцидентот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG