Линкови за пристапност

Ирак побарал американски воздушни напади


Републиканскиот сенатор Линдзи Грем кажа дека верува оти тоа е во интерес на американската национална безбедност дека треба да се почитува барањето.

Врвен претставник на американската армија вели дека ирачката влада побарала американски воздушни напади да помогнат во борбата против сунитските исламистички милитанти кои преземале клучни градови во северен Ирак.

Армискиот генерал Мартин Демпси, командант на Здружениот генералштаб, на сенатска поткомисија во среда кажа дека Ирак побарал американски воздушни напади против милитантите, кои ја нападнале во среда главната ирачка рафинерија.

Републиканскиот сенатор Линдзи Грем кажа дека верува оти тоа е во интерес на американската национална безбедност дека треба да се почитува барањето. Американскиот претседател Барак Обама се очекува да ги брифира законодавците по барањето подоцна во денот.

Демпси кажа дека особено како ветеран, разочаран е од опсадата на милитантите во Ирак.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хегел кажа дека вината за бунтовништвото не е само кај милитантите туку и кај владата на Ирак заради невоспоставување на работен однос со другите различни групи во раководството на државата.
XS
SM
MD
LG