Сунитски исламистички милитанти ја нападнаа главната рафинерија за нафта предизвикувајќи штета на објектот во најновиот наплив што вклучи заземање територија низ цел Ирак.
Милитантите се судрија со безбедносните сили кај рафинеријата во среда, во Баиџи, што е на половина пат меѓу Багдад и Мосул.
Милитанти ја презедоа контролата врз Мосул минатата недела, и индиското министерство за надворешни работи во среда извести дека 40 индиски градежни работници биле киднапирани од градот.
Ирачкиот премиер Нури ал-Малики имаше телевизиско обраќање во кое вети дека неговите безбедносни сили ќе одговорат на тероризмот и нивните претходни порази од страна на милитантите ги нарече привремени уназадувања.
Исто така во среда, иранскиот претседател Хасан Рухани вети дека неговата главно шиитска држава ќе направи се` што е потребно да ги заштити светите места на Шиитите во Ирак од, како што рече „терористи“.