Жителите и локалните власти во Ирак велат дека сунитските милитанти го зазеле северниот град Тал Афар. Меѓународната заедница ги осудува активностите и повикува на единство во земјата.
Милитантите од Исламската држава Ирак и Левант претходната недела ги зазедоа Мосул и Тикрит, а се заканија дека ќе одат и на Багдад. САД испратија дополнителни 100 војници и маринци да го засилат обезбедувањето на амбасадата во Багдад, додека се релоцира дел од персоналот во Басра, Ирбил, и Аман во Јордан.
Во меѓувреме во Персискиот Залив е позициониран американски носач на авиони. Виш претставник на Стејт департментот изјави дека државниот секретар Џон Кери разговарал со колегите од Јордан, Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати за потребата од поддршка на населението од Ирак и Сирија од заканите на милитантите.