Исламистички милитанти заземаат повеќе територија во Ирак, додека САД размислуваат како да реагираат на напредувањето на бунтовниците.
Официјални лица велат дека милитанти ги презеле градовите Џалавла и Садија во етнички поделената источна провинција Дијала доцна во четвртокот.
Исламската држава Ирак и Левант или ИСИЛ, веќе зафати најголем дел од северен Ирак и напредува кон главниот град.
Американскиот претседател Барак Обама во четвртокот кажа дека „ги разгледува сите опции“ во одговорот на кризата која се влошува во Ирак.
Американски официјални лица, барајќи да останат анонимни, велат дека меѓу опциите што се разгледуваат се можни напади со беспилотни летала.