Линкови за пристапност

САД нудат повеќе помош за Ирак среде напредувањето на терористите


До сега милитантите ги зазеле Фалуџа, Мосул и Тикрит и напредуваат кон Багдад

Во четврток се среќава Советот за безбедност на ОН да дискутира за влошувањето на безбедносната ситуација во Ирак, додека САД ветуваат поголема помош за владата во Багдад.

Советот за безбедност ќе земе учество во видео брифинг од специјалниот претставник во Ирак, Николај Младенов, среде извештаите дека милитанти од Исламистичката држава Ирак и Левант продолжуваат да притискаат кон Багдад.

Во среда милитантите го презеле градот Тикрит, само еден еден откако безбедносните сили се откажале од одбрана на вториот по големина град, Мосул, на територијата на Сунитите во земјата. Милитантите ја презеле контролата на западниот град Фалуџа порано годинава.

Портпаролката на американскиот Стејт департмент Џен Псаки во среда сугерираше дека нова помош за Ирак сега се разгледува, иако не се открива во која форма ќе биде таа помош.
XS
SM
MD
LG