Линкови за пристапност

Во Ирак близу седум илјади жртви на тероризам во 2016-та


Минатата година во Ирак загинале 6,878 цивили, додека 12,388 биле повредени.

Тероризмот и другите акти на насилство минатата година во Ирак однеле 6,878 цивилни жртви, додека 12,388 биле повредени, стои во соопштението на Обединетите Нации.

Бројот на загинати може да е поголем, затоа што не се вклучени оние цивили кои загинале или биле повредени во западната ирачка провинција Анбар во мај, јули, август и декември.

Овие бројки, според Мисијата на ОН за помош на Ирак, се сметаат за „апсолутен минимум“.

Од ОН велат дека бројот на цивилни жртви за декември е помал во споредба со другите месеци, и покрај забележаното зголемување на терористичките напади врз цивили кон крајот на месецот.

„Без сомнение, постои обид од страна на ИСИС да го одвлече вниманието од нивните загуби во ирачкиот град Мосул, за што, за жал, цената ја плаќаат цивилите“, изјави Јан Кубис, специјален претставник на Генералниот секретар за Ирак.

Мисијата изјави дека во 2015-та година, во Ирак биле убиени 7,512 цивили.

XS
SM
MD
LG