Ирачкиот парламент донесе резолуција во која се повикуваат странските трупи да ја напуштат земјата по американскиот воздушен напад во кој загина иранскиот воен командант, Касем Солејмани, во близина на аеродромот во Багдад минатата недела.
Гласањето во неделата се одржа откако привремениот вршител на должноста премиер Адил Абдул-Махди го повика парламентот да преземе итни мерки и да стави крај на присуството на странските трупи што е можно поскоро.
Премиерот ги повика законодавците да дејствуваат заради, како што рече, прекршувања на договорот за војската, откако САД ја нападнаа паравојската во Киам, во која загинале 25 шиитски паравојници, а беспилотното летало извршило напад врз автомобилот во кој бил Солејмани откако го напуштил аеродромот во Багдад.
Со резолуцијата, која што нема сила на обврзувачки документ, ирачката влада се повикува да го отповика своето барање за помош од меѓународната коалиција што се бори против екстремистичката група Исламска држава.
Facebook Forum