Линкови за пристапност

САД планираат да повлечат војници од Ирак


Американските трупи во државата би биле скратени од 5.200 на 3.000, рече генералот Мекензи

Армијата на САД најави дека ќе повлече повеќе од нејзините војници од Ирак овој месец.

Генералот Франк Мекензи, кој е на чело на Централнта команда на САД, рече дека американските трупи во државата би биле скратени од 5.200 на 3.000.

„Одлуката е резултат на нашата доверба во зголемената способност на Ирачките безбедносни сили да делуваат независно“, рече Мекензи.

Американските сили во Ирак извршуваат контратерористички операции и обука на ирачките сили. Други 8.600 американски војници се наоѓаат во Авганистан.

Висок официјален претставник на САД, неофицијално, на новинарите кои вчера патувале со претседателот Доналд Трамп, им кажал оти веројатно до крајот на неделата ќе има уште една најава за повлекување војници од Авганистан.

За време на претседателската кампања во 2016 година, Трамп рече дека сака да им стави крај на бескрајните војни во Ирак.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG