Едно лице од коалицијата предводена од САД загина при ракетен напад во северен Ирак, додека најмалку шест други биле повредени, соопштија ирачките официјални лица.
Најмалку три ракети удриле во регионот близу базата на американските трупи. Две други ракети, пак, погодиле цивилни соседства.
Државниот секретар на САД Ентони Блинкен изрази сочувство до најблиските лица на загинатиот работник, и до невините ирачки граѓани и нивните семејства, кои страдаат поради ова насилство.
Блинкен најави поддршка во напорите за истрага на случајот и во барање одговорност од оние што се одговорни за нападот.
Премиерот на Курдската регионална влада Барзани, на Твитер напиша дека разговарале со Блинкен, и оти двете страни ќе се координираат одблизу во текот на истрагата.
Претседателот на Ирак Бархам Салих рече дека нападот претставува „опасна ескалација и терористички акт“.
Facebook Forum