Официјални американски лица велат дека САД нема да се откажат од одговор на последниот ракетен напад врз вработени на САД и коалицијата во Ирак, ако тоа е неопходно, при кој едно цивилно лице почина од срцев удар, додека се засолнувало од нападот.
Портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека ирачките безбедносни сили водат истрага.
„Да дозволиме нашите ирачки партнери да го истражат ова, и потоа, ако е неопходен одговор, покажавме дека нема да се откажеме од тоа. Само што се `уште не сме таму“, рече Кирби.
Зборувајќи за нападот пред новинарите во Белата куќа, претседателот Џо Бјаден рече дека САД ја следат ситуацијата.
„Утврдуваме кој е одговорен, и ќе донесеме заклучок потоа“, рече Бајден.
Facebook Forum