Линкови за пристапност

САД ги намалија трупите во Ирак на 2.500


Намалувањето на нивото на американско присуство во Ирак Трамп го најави кон крајот на минатата година; Повеќе од 4.500 американски војници биле убиени во Ирак од 2003-та до сега

Вршителот на должност Секретар за одбрана на САД, Кристофер Милер, во петокот рече дека САД го намалиле бројот на војници во Ирак на 2.500, исполнувајќи ја целта поставена од администрацијата на Трамп кон крајот на минатата година.

„Намалувањето на нивото на американските сили во Ирак е одраз на зголемените можности на ирачките безбедносни сили“, рече Милер во изјавата пет дена пред Трамп да ја напушти функцијата, и администрација на новоизбраниот претседател eо Бајден да стапи на должност.

„Одамна очекувавме дека нивото на силите што е потребно за поддршка на борбата на Ирак против ИСИС ќе се намали со подобрувањето на способноста на Ирак да управува со заканата од ИСИС. Можноста тоа да го сториме е доказ за вистински напредок “, додаде Милер, користејќи кратенка за терористичката група Исламска држава.

Вршителот на должноста секретар за одбрана рече дека намалувањето на војската во Ирак не претставува промена во американската политика и е во согласност со плановите за намалување на вклученоста на американските трупи во големите борбени операции во оваа блискоисточна земја.

„САД и силите на коалицијата остануваат во Ирак за да обезбедат траен пораз на ИСИС “, рече тој. „Владата на Ирак и американската влада се согласуваат дека ИСИС останува закана и дека присуството на САД и Коалицијата останува од витално значење“.

Милер рече дека САД ќе ја одржат „контратерористичката платформа во Ирак за поддршка на партнерските сили со авиони и разузнавање“.

Според статистичките податоци на Пентагон повеќе од 4.500 американски војници се убиени во Ирак откако коалицијата предводена од САД го нападна Ирак во 2003-та година и ја собори владата на Садам Хусеин, а над 32.000 биле ранети.

Милер, исто така, во петокот објави дека американската армија ја исполнува својата цел да намали повеќе од 2.500 војници од Авганистан, и покрај предлог-законот усвоен од Конгресот пред две недели, со кој се забрануваат федерални трошоци за намалување на бројот на војниците под 4.000.

XS
SM
MD
LG