ВАШИНГТОН —
Премиерот на Ирак Адел Абдул Мади, најави дека ќе поднесе оставка до Парламентот, додека во државата со недели траат смртоносни антивладини протести, при кои загинаа најмалку 400 лица, а стотици други беа повредени.
Ирачкиот премиер ја најави оставката откако шиитското свештенство побара промена на лидерството во државата. Премиерот не прецизираше кога ќе се повлече.
Багдад испрати војници да го вратат редот во јужниот дел на Ирак, каде протестите станаа многу насилни.
Демонстрантите бараат да се стави крај на владината корупција и на иранското влијание во уредувањето на Ирак.
Facebook Forum