Ирачките сили извршија напади близу Бартела, 15 километри од Мосул, во операцијата за ослободување на градот од Исламската државата, која се одвива веќе втора недела.
Органзацијата Хјуман рајтс воч повика да се направи истрага за воздушните напади минатата недела, при што беа убиени најмалку 13 лица во џамија близу Киркук.
Портпаролот на Армијата на САД изјави дека коалцијата е „дефинитивно убедена“ оти нејзините сили не се одговорни за воздушните напади.
Владата на Ирак рече дека е направена истрага за нападот.
Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер во петокот изјави дека Вашингтон е подготвен да обезбеди дополнителна поддршка за коалцијата предводена од Ирак, ако тоа биде побарано од ирачките и од американските команданти.