Линкови за пристапност

Истрелани ракети кон странско нафтено поле во Ирак


Официјални лица во јужен Ирак велат дека три ракети паднале во близина на странско нафтено поле во понеделникот.

Ракетите биле насочени кон областа Бурјезија во Басра, главниот јужен град во Ирак.

Властите соопштија дека по нападот, ракетен фрлач е пронајден во близина.

Во нападот, според Асошиетед Прес, не е нанесена „значителна штета“,

Досега никој не презеде одговорност за нападот.

Ројтерс објави дека местото на нападот во „последно време било празно заради евакуацијата на скоро целиот странски персонал поради кризата со коронавирусот“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG