Линкови за пристапност

Убиен припадник на специјалните сили на американската морнарица во Ирак


Пентагон соопшти дека Чарлс Китинг бил застрелан при напад на Исламската држава врз позиција на курдските сили Пешмерга

Според Одделот за одбрана, во моментот кога биле нападнати, Китинг им помагал и имаш советодавна улога на силите Пешмерга, стационирани северно од Мосул.

Ова е трета жртва во редовите на американските копнени сили во Ирак откако во 2014-та година САД застанаа на чело на коалиционата кампања против Исламската држава.

Милитантите на Исламската држава во вторникот започнаа офанзива на повеќе фронтови, целејќи на различни курдски позиции северно и јужно од Мосул, потпомогнати од американски советници и коалициони воздушни напади.

Курдските сили подоцна соопштија дека ја презеле контролата врз градовите Телскуф и Мускелат, претходно нападнати од Исламската држава. Советот за безбедност на курдистанскиот регион преку порака на Твитер кажа дека тоа било сторено со помош на коалиционите напади, при што биле убиени преку 80 борци на Исламската држава и уништени 25 нивни возила.

XS
SM
MD
LG