Линкови за пристапност

Нападнати бастионите на Исламската држава во Мосул


Цел на нападот на ирачките сили аеродромот и блиската воена база

Ирачките безбедносни сили поддржани од САД влегле во главниот аеродром во Мосул, големо упориште на екстремистичката група, Исламска држава.

Безбедносните сили, меѓу кои тимови за брзо распоредување, припадници на федералната полиција и единици за борба со тероризмот порано денеска извршија напад на воена база која се наоѓа во близина на аеродромот. Новинската агенција Ројтерс извести дека ирачката државна телевизија објавила дека силите за брзо распоредување и федералната полиција „имаат целосна контрола на аеродромот во Мосул.“

Нападот во четвртокот на аеродромот и воената база, кои се наоѓаат на јужниот дел на Мосул, е дел од големата операција со цел истерување на силите на Исламската држава од западен Мосул која започна во неделата. Ирачките сили минатата недела го ослободија источниот дел на градот.

Градот беше заземен од Исламската држава во 2014-та година.

XS
SM
MD
LG