Линкови за пристапност

Ирак почна операција за заземање на Фалуџа


Упориштето на Сунитите е под контрола на Исламската држава подолго од кој било друг град во Ирак

Ирачките безбедносни сили започнаа операција на заземање на Фалуџа од екстремистите на Исламската држава, напаѓајќи го упориштето од различни страни, изјавија воените лидери.

„Операциите ги почнавме рано утрото“, изјави Сабах ал Норман, портпарол на Ирачката елитна служба за борба против тероризмот, за Француската информативна агенција.

Од почетокот на борбите, расте загриженоста за состојбата на цивилите, заробени во внатрешноста на градот.


„Исламската држави стави бомби на патиштата, користи бомбаши-самоубијци“, изјави Мухамед, припадник на Ирачките специјални сили, кој се наоѓа во првите борбени редови. Тој се согласи да даде изјава само под услов да не се користи неговото цело име.

Фалуџа, упориштето на Сунитите, е под контрола на Исламската држава подолго од кој било друг град во Ирак, и се верува дека борците се длабоко навлезени во градот.

XS
SM
MD
LG